Во деновите 28 и 29.05.2015 година, се одржа 49.годишно Собрание на Советот на Бироа во Сопот, Гдањск, Република Полска.

На Собранието учествуваа 46 претставници од Националните Бироа од Европа и пошироко.

Национланото Биро за осигурување на Р.Македонија го претставуваше генералниот директор на Национланото Биро за осигурување, г-н Трајче Латиновски и г-ѓа Елизабета Раденковиќ, деловен коoрдинатор за меѓународна соработка.

Во текот на дводневното Собрание беа поднесени извештаи и препораки од повеќе комитети при Секретаријатот на Советот на Бироа, како што следи:

- Бирото на Азебејџан ќе биде примено како преодна членка во Советот на Бироа од 1 јануари 2016 г. и со тоа ќе стане 47. членка на Советот на Бироа. Во поглед на ситуацијата во Нагорно Карабак, зелената карта нема да важи за тој регион;

- Текстот на Експланаторниот Меморандум кој се однесува на чл. 8 и 9 од Внатрешните Одредби ќе биде заменет со текстот во Анекс бр.1 од Извештајот на Одборот за општи одредби. Оваа Одлука ќе стапи на сила на 1 јули 2015г. и ќе се применува на сите барања за потврда на валидност на зелена карта доставена на или по 1 јули 2015г.

- Генералното собрание ја одобри иницијативата за покренување на мрежа на лица кои се специјализирани за борба против измами. Лицата кои учествуваат во мрежата треба да ги именуваат Бироата и ќе имаат контакт врз редовна основа за размена на практиките во борбата против измами и споделување на информациите за посебни случаи со измами, кои секако ќе подлежат на заштита на податоци.

- Комитетот за посебни одредби истакна дека на барање на некои членки ќе бидат посочени можни критериуми како приоритет за потпишување на Мултилатералната Спогодба, но како апсолутен услов “condition sine qua non” е постоењето на единствена MTPL премија. Без тоа, пристапот кон Мултилатералната Спогодба би бил невозможен.

- Изменетиот текст на "Барањето потврда за осигурително покритие" и соодветниот "Одговор на барањето" беа од страна на Секретаријатот на CoB доставени до Работната група за технологија за да развие електронска поставеност на моделите. Во иднина се планира комуникацијата помеѓу Бироата да биде оn line на самата веб страна на CoB во однос на потврдата на осигурителното покритие.

- Од страна на Одборот за мониторинг беше презентирана состојбата со Online Guaranty Calls. Во однос на нашето Биро, бројот на OGC-s е драстично намален.

- На 49-то Генерално Собрание се избра и нов претседател на Советот на Бироа со мандат од 5 години, односно г-н Жан Зенерс од Бирото на Луксембург.

Ова се само некои од позначајните сегменти на извештаите, како и препораки по кои се гласаше.

Во рамките на одржувањето на Собранието, беше одржана и работилница за контрола на кореспонденти и проблемите околу работењето преку “outsourcing” компании за меѓународни штети, при што се препорачува во интерес на оштетените и скратување на времето потребно за решавање на штетата, да се избегнуваат посредници и да се склучуваат директни договори со кореспондентите (осигурителни компании).

За време на деновите на одржување на Собранието, беа остварни и билатерални средби со претставници на Бирото на Италија, Шпанија, Хрватска, Бугарија, Романија, како и со г-н Марк Хенри од Секретаријатот на Советот на Бироа, задолжен за реосигурување.

Во рамките на Генералното собрание беше потврдено и одржувањето на средба со државите од ЈИЕ во Сараево во месец октомври 2015г.

Национално биро за осигурување на Р.Македонија