Според Планот за работа на Националното биро за осигурување за 2017 г., на 24.01.2017 г. беше потпишан Договор за заштита на посетители (Основен договор) помеѓу Нациоанлното биро за осигурување на Р.Македонија и Националното биро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија. Договорот стапува на сила на 01.02.2017г.

Со оглед на честата фрекфенција на возила во двете држави, по иницијатива на Националното биро за осигурување на Р.Македонија, беше потпишан Договорот за заштита на посетители со Националното биро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија. Договорот го потпиша, во име на Националното биро за осигурување на Р.Македонија, генералниот директор, г-н Трајче Латиновски, а во име на Националното биро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија, г-н Орлин Пенев, претседател на Бирото.

Потпишаниот Договор ќе претставува големо олеснување за граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р. Бугарија. Имено, доколку им се случи сообраќајна незгода во која е виновно возилото од Р.Бугарија, по првично спроведените постапки на лице место и по враќањето во Р.Македонија, можат да се обратат во Националното биро каде ќе добијат напатствија и помош во остварување на своето право за надомест на штета.
Со овој Договор, граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р.Бугарија, при евентуална штета заштедуваат време и средства за остварување на своите права во Р.Бугарија.
Национално биро за осигурување