Во периодот од 07-09.06.2017 во Сараево традиционално се одржа 28-ма средба на осигурувачи и реосигурувачи SorS 2017. Конференцијата SorS е идеално место на кое учесниците добиваат оптимални одговори и информации во врска со пазарот на осигурување во соседните земји како и претставниците од различните земји меѓусебно да се поврзат и да разменат искуства за подобри деловни стратегии.

Главна тема на конференцијата беше Импликација од примената на Solvency II и воедно беа презентирани искуствата од почетната примена на Solvency II во Словенија, Хрватска и Србија. На конференцијата со своја презентација учествуваше и Генералниот директор на Националното Биро за осигурување- Трајче Латиновски кој го претстави Пазарот на осигурување во Македонија во 2016 година.

Во однос на 2012 година има позитивен раст од 7.5% т.е гледано во вкупна премија пораст од околу 40 милиони евра. Пазарот стратегиски гледано дава можности за раст и развој особено во делот на индивидуалните осигурувања ( здравствено, домаќинско, осигурување на мали и средни бизниси и земјоделско осигурување).