Националното Биро за осигурување ги известува имателите на полиси од автомобилска одговорност издадени од осигурителните друштва, дека веќе издадените полиси од автомобилска автодговорност (АО полиси) се усогласени со законската регулатива.
.

Се известуваат имателите на АО полиси дека нема да има никакви пречки во нивната важност при остварување на правата и обврските кои прозлегуваат од веќе издадените полиси.
.

Зелената карта (Меѓународниот сертификат за автомобилско осигурување ) чие издавање е во надлежност на Националното Биро за осигурување е во целост усогласена со член 1 од Преспанскиот договор.
Ги известуваме имателите на зелените карти дека на предната страна на зелената карта кодот на државата останува да биде МК, како што е официјално наведено во Обединети Нации и Меѓународната организација за стандардизација (ISO). На задната страна на зелената карта каде се наведени државите членки на Советот на бироа, името на државата е Северна Македонија (North Macedonia).
.

Воедно ги известуваме имателите на зелени карти дека промената на кодот на регистерските таблици нема влијание на промената на зелените карти.
Националното Биро за осигурување ги извести сите Бироа членки на Советот на Бироа во Брисел дека кодот на зелената карта не се менува. Странските Бироа имаат обврска да ги известат своите гранични власти за кодот на зелената карта.

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Генерален директор
Трајче Латиновски
File TypeSizeFile Name
application/pdf 366 KB Известување.pdf