Frequently asked question

Корисници на моторни возила се особи кои користат еден од следниве средства за транспорт:
1)Патнички автомобил - моторно возило наменето за превоз на лица кое покрај седиштето за возачот има најмногу 8 седишта и чија носивост изнесува најмногу 250 килограми.


2)Товарни возила - моторно возило наменето за превоз на предмети со носивост преку 250 килограми.


3)Автобуси - моторно возило наменето за превоз на лица кое покрај седиштето за возачот има повеќе од 8 седишта.


4)Влечни возила - моторно возило (трактори на гумени тркала или трактори гасеници, мотокултиватори и други) конструирано да влече, притиска или носи орудија односно да служи за погон на такви орудија или за влечење на приклучни возила.


5)Специјални возила - моторно возило или приклучни возила со посебна намена (превоз на специјален товар или посебни луѓе, на пример во полиција, судство, пожарникарски единици) кое согласно карактеристиките спаѓа во една од категориите моторни или приклучни возила.


6)Моторцикл - моторно возило на две тркала, со бочна приколка или без неа, или моторно возило на три тркала ако неговата тежина не преминува 400 килограми.


7)Приклучни возила - моторни возила: приколки и полуприколки; ладилници со и без уред за ладење, цистерни со и без уред за утовар и растовар, силоси за превоз на цемент, работни приколки и полуприколки: агрегати, компресори и слично, специјални приколки и полуприколки за работа во земјоделството, приколки за живеење или работа и камп приколки, караван приколки, приколки за превоз на чамци, моторцикли и автомобили, и слично.


8)Моторно возила со странска регистрација - моторно возило кое не е регистрирано во матичната земја.


9)Работнo моторно возило - возило на моторен погон или приклучно возило на кое се вградени посебни уреди и опрема за вршење на работи и чија максимална дозволена маса е еднаква со масата на возилото, а согласно карактеристиките спаѓа во некоја од категориите на моторни или приклучни возила (возила за чистење улици, собирање смет, чистење на канализација, одржување на улични електрични инсталации и слично).