Frequently asked question


ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО – ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАТА СО ВОЗИЛО


1. Кога се патува во странство со моторно или приклучно возило надвор од границите на Р.Македонија задолжително треба да се поседува зелена карта за моторното и приклучното возило .


2.Зелените карти согласно меѓународните договoри (Внатрешни одредби (Критски договор) и Експланаторниот меморандум на истите се издаваат по овластување на Националното биро за осигурување на Р.Македонија од страна на осигурителните компании членки на Бирото. Зелените карти се фактички продолжение на осигурувањето од автомобилска одговорност кое е задолжително со закон за сите кои имаат моторни и приклучни возила, за евентуални штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на Системот на зелена карта.

3.Непосредна контрола на зелените карти вршат претставниците на полицијата на граничните премини (при влез или излез во одредена земја). Со влегување на територијата на една земја од 28 -те членки на Европската унија првата контрола фактички овозможува движење со возилото во рамките на сите држави членки на унијата.


4.Зелената карта издадена од членка на НБО не е валидна ако :

- е погрешно или нецелосно пополнета, како на пример: нема податоци за марката или рег.број на возилото или истите не се совпаѓаат со оние од сообраќајната книшка или полисата за А/О осигурување)
- е изминат рокот на важење или истиот не се совпаѓа со важењето на полисата за А/О.

- нема податоци (име и адреса,потпис и печат) на осигурувачот
- истата е оштетена, скината или од неа не може да се утврди содржината.
- има прешкртувања, преправања на букви или броеви и сл.

Во сите поединечни случаи, кога ќе се утврди невалидност на зелената карта, треба да бара нова зелена карта која може осигуреникот да ја добие од осигуравачот или од друштватаза застапување или брокреските друштва кои во корист и за сметка на осигурителните друштва издаваат зелени карти на граничните премини.



ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ КОГА ВО СТРАНСТВО СЕ СЛУЧУВА СООБРАКАЈНА НЕЗГОДА

1.За сообракајна незгода случена во странство :

- пријава на штета која се случила како последица на сообраќајна незгода во странство се пријавува во земјата каде се случила и се применува законодавството на таа земја во однос на одговорноста на учесниците во истата.

- во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета пополнете европски извештај за штета (содржината на европскиот извештај е идентична на сите јазици, па соодветните графи можете да ги користите од македонскиот
примерок).


- во случај на сообраќајна незгода со голема материјална штета или/ и телесни и смртни последици задолжително пријавите во полиција за да направи извид на лице место и изготви Записник.

- ако не сте одговорни за сообраќајната незгодата, a штетата е предизвикана од осигурано возило пријавете штета во Бирото во земјата во која се случила незгодата (броевите на Бироата се наоѓаат на задната страна на зелената карта).


- Ако штетате е предизвикана од неосигурано возило ( независно дали се работи за возило со регистарски ознаки на посетената земја или друго странско возило со рег.таблички од земја членка на Советот на бироа за зелени карти) штетата се пријавува во Гарантниот фонд во земјата каде се случила сообракајната незгода.Напоменуваме дека при ова прашање треба да се има во предвид дека 34 земји членки на Советот на бироа за зелени карти се потписнички на мултилатералната спогодба со која регистарските ознаки се доказ за постоење на осигурување.

- во случај кога сте одговорни за незгодата, веднаш по враќањето од странство задолжително треба да го известите осигурителното друштво кое ја издало зелената карта за сите релевантни моменти поврзани со незгодата (точно постапете по упатството добиено од осигурителното друштво).



ПРИ ВЛЕЗ ВО Р. МАКЕДОНИЈА ВО МОТОРНИ И ПРИКЛУЧНИ ВОЗИЛА


1. Сите лица кои влегуваат на територијата на Р.Македонија со моторни и приклучни возила со странска регистрација задолжително треба да имаат:


- важечка зелена карта за територијата на Р.Македонија (ознаката„МК„ да не е прецртана), освен за грчките возила.


- друг признат доказ за постоење на осигурување од А/О (склучени посебни спогодби меѓу Националото биро за осигурување на Р. Македонија и други национални бироа) и тоа :


* регистарската ознака на возилата од,Словенија и Унгарија се смета како доказ за постоење валидно осигурување


* зелените карти на возилата кои имаат грчки регистарски ознаки, важат во Р.Македонија иако во нив нема ознака „МК„


* важат полисите за осигурување од Косово кои носат назив ТПЛ „Косово плус„

2. Во следните случаи се смета дека лицето не поседува валиден документ за влез :


- погрешно или нецелосно пополнета зелена карта или полиса од А/О (нема податоци за марката или рег.број на возилото или истите не се совпаѓаат со фактичката состојба на лице место).


- доколку е измината важноста на зелената карта односно полисата.


- ако е прецртана ознаката „МК„ во зелената карта.


- око не е наведена ознаката „МК„ во зелената карта, освен за возила од Грција.

Во сите поединечни случаи,кога ќе се утврди невалидност на странска зелена карта односно полиса или регистарските броеви, мора да се купи полиса за гранично осигурување која странец може да ја купи во едно од осигурителните друштва кои продаваат осигурувања на граничните премини.


Во случаи кога истекува зелената карта, а возилото се уште се наоѓа на територија на Република Македонија задолжително треба да се извади полиса за гранично осигурување.