Frequently asked question

I. Врз основа на член 45 став (1) од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен весник на РМ бр.88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на седницата одржана на 14,07,2017 година ја донесе следната Тарифа за Измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, (објавено во Службен весник на РМ бр.144 на 10.10.2017 година)
Прилог--Sluzben vesnik-Izmeni i dopolnuvanja na Tarifata na premii za osiguruvanje

II. Согласно заклучокот на Стручниот колегиум на НБО од 05,01,2016 година во продолжение се објавени:
1. Тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица од 2006 година
2. Одлука за максимална и минимална стапка на Владата објавена во службен весник на РМ бр.115 на ден 12.09.2008 година

За конкретна пресметка на висина на премија за моторно или приклучно возило можете да ги користите калкулаторите за информативна пресметка на веб страните на Осигурителните компании-членки на НБО.

Национално биро за осигурување