Националното биро за осигурување, согласно член 52 од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ги врши следните работи:
.

(1) Бирото ги врши следните работи:

1) врши работи согласно меѓународните спогодби за осигурување од одговорност на сопствениците и корисниците на моторни возила (зелена карта) и ги претставува друштвата за осигурување пред меѓународните организации на друштвата за осигурување;

2) издава и печати меѓународни зелени карти за потребите на членките;

3) води статистичка евиденција и врши статистичка обработка на статистичките податоците добиени од друштвата за осигурување согласно статистичките осигурителни стандарди и истите квартално ги објавува на својата веб страна;

4) воспоставува и одржува централен систем за евиденција на полиси и штети од употреба на моторни возила;

5) врши работи кои се од заеднички интерес на друштвата за осигурување, пропишани во Законот за трговските друштва или Статутот на Бирото, како и други работи за кои е овластено од нејзините членови;

6) донесува кодекс на однесување на друштвата за осигурување;

7) соработува со други органи за прашања од областа на осигурувањето;

8) врши и други работи согласно со овој закон.

(2) Податоците потребни за водење на статистичката евиденција од ставот (1) точка 3) од овој член, друштвата за осигурување се должни да ги доставуваат квартално.

(3) Податоците за штети и полиси од ставот (1) точка 4) од овој член, друштвата за осигурување се должни да ги внесуваат во централниот систем паралелно со нивно внесување во интерната евиденција на друштвото.

.

Националното биро за осигурување, согласно член 58 од Законот за задолжително осигурување во сообракајот формира Гарантен фонд, кој служи за исплата на штети

.
(1) Националното биро за осигурување е должно да формира Гарантен фонд кој служи за исплата на:

1) штети настанати на територијата на Република Македонија од непознати и неосигурани моторни возила и приколки, неосигурени чамци и бродови на моторен погон, како и неосигурени воздухоплови;

2) штети настанати на територијата на Република Македонија од превозни средства регистрирани за превоз на патници во јавен сообракмај за кои сопствениците не склучиле договор за осигурување на патници од последици на несрекмен случај-незгода;

3) штети од задолжителни осигурувања кои оштетените лица не можат да ги наплатат поради престанок на друштвото за осигурување со кое е склучен договорот за осигурување, при што се исплакма само оној дел од штетата кој не бил надоместен од стечајната маса на друштвото за осигурување и

4) штети од осигурени моторни возила кои потекнуваат од територијата на Република Македонија за кои согласно со Критскиот договор и други меѓународни договори гарантира Националното биро за осигурување.

(2) Од средствата на Гарантниот фонд не се надоместуваат штети настанати од употреба на неосигурени странски моторни возила што се движат на територијата на Република Македонија, а за кои важат посебни меѓународни договори чиј потписник е Република Македонија.

.
Во рамките на Бирото од 01.01.2006 година работи информациски центар чија цел e да води регистар на податоци за регистрираните моторни и приклучни возила и да дава податоци на оштетените лица за осигурувањето на возилата кои причиниле штети


.

(1) Информацискиот центар од членот 35 на овој закон ги врши следниве работи: 1) собира податоци и води регистар на податоци,
2) ги ажурира податоците од регистарот од точката 1 на овој став и

3) им нуди помош на оштетените лица во прибирањето на податоци од регистарот од точката 1 на овој став и во прибирањето на податоците од регистрите на информациските центри од земјите членки на Европската унија.

(2) Регистарот од ставот (1) точка 1 на овој член содржи податоци за:

1) регистарските ознаки од регистарските таблички, видови, марки, типови, броеви на шасии односно каросерии од возилата, регистрирани во Република Македонија;

2) бројот на полисата за осигурување од автомобилска одговорност за возилата од точката 1 на овој став;

3) датумот на престанување на важноста на договорот за осигурување од автомобилска одговорност;

4) името и седиштето на друштвата за осигурување, коишто вршат работи на задолжително осигурување од автомобилска одговорност;

5) името и презимето, единствениот матичен број, датумот и местото на рагмање, постојаното и привременото место на живеење на осигуреникот;

6) името и/или седиштето на овластени претставници, назначени од друштвата за осигурување на други земји членки на Европската Унија, во Република Македонија,

7) списокот на моторните возила за кои во Република Македонија не важат одредбите од овој закон.

(3) Податоците од ставот (2) на овој член се собираат од базите на податоци на друштвата за осигурување, како и од евиденцијата на регистрирани возила при органот за внатрешни работи.

(4) Друштвата за осигурување се должни податоците од ставот (2) на овој член да ги доставуваат до Информацискиот центар квартално, во рок од седум дена по завршувањето на кварталот.

(5) На барање на Информацискиот центар податоците од ставот (2) на овој член можат да се добијат и од информациските центри од другите земји членки на Европската Унија.

(6) Податоците од ставот (2) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член се чуваат во Информацискиот центар најмалку седум години по престанокот на регистрацијата на моторното возило или по престанокот на договорот за осигурување.