Националното биро за осигурување на Македонија како членка на Советот на Бироа-Брисел (CoB) на 08 и 09.10.2018 година беше домаќин на 22-та Регионална Конференција за меѓународно осигурување.

На работната Конференција земаа учество Националните Бироа од 14 држави од Југоисточна Европа како и Турција, Израел и Азербеџан. На Конференцијата присуствуваше потпретседателот на Советот на Бироа од Брисел г-ѓа Сандра Шварц и Генералниот Секретар на CoB г-ѓа Грет Флоре која покрај поздравниот говор зема и активно учество во работниот дел од Конференцијата.

На работната Конференција како главни теми и прашања за кои се расправаше беа:

· За меѓусебната соработка помеѓу членките од оваа група со цел усовршување на стандардите во работењето на Националните Бироа и нивно приближување до европските.


· Поедноставување и олеснување на постапките за граѓаните од Р.М како жртви на сообраќајни незгоди во Европските држави.

· Започнување и презентирање на проектот за воведување електронска Зелена Карта за осигурување, како стандард за олеснување на граѓаните кои патуваат во странство.

· Разгледување на прашањата од Комитетите на CoB и заклучоците донесени во 2017/2018 година.

На Конференцијата ќе се наметнат и проблемите во некои членки на CoB во регионот настанати како последица од примена на либерализација на пазарите за осигурување кое доведе до несолвентност и неликвидност на некои компании, а со тоа и до условен/ или мониторинг на Националните бироа од тие држави.

.

Национално биро за осигурување

Директор

М-р Трајче Латиновски