Советот на Бироа во Брисел донесе Одлука дека од 01.01.2025 година за влез во државите мора да бидат пропуштени возилата од државите кои ќе издаваат зелени карти прикажани на електронски уреди (телефон, лаптоп, таблет).
Националното биро за осигурување го извести Секторот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија заради непречено движење на возила и навремено информирање на вработените на сите гранични премини. Националното Биро за осигурување ги извести своите членки- осигурителните компании за наведеното.
НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ