Link so zagrada
Home
For users
For members
About us
Infoservice
Criteria
Links
Insurance Check
Известување за статусни промени на АДО Винер-Виена Иншуренс Груп за присоединување кон АДОР Македонија-Виена Иншуренс Груп
28.06.24
Врз основа на член 51 од Законот за супервизија на осигурување, a во врска со Спогодбата за присоединување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (ОДУ број 187/23 од 20.12.2023 година), се објавува следното
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат сите осигуреници
на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, со седиште на ул. Железничка број 41, Скопје, ембс 5702470 и едб 4030002461200, дека како резултат на статусни промени на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје,
се присоединува
кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, па поради наведеното Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп престанува да постои без ликвидација на ден 27.06.2024 година кога истото се брише од Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Како последица на присоединувањето сите права и обврски настанати од договорите склучени од страна на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје со трети лица до денот на присоединувањето ќе се сметаат за права и обврски на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, додека сите права и обврски од тие договори по датумот на присоедување ќе се сметаат како права и обврски на Друштвото што презема.
За периодот на важноста на договорите за осигурување, осигурениците на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје своите права, обврски и одговорности кои произлегуваат од истите, ќе продолжат непречено да ги остваруваат преку Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, со седиште на ул.11 Октомври бр.25 Скопје.
Акционерското друштво за осигурување и реосигурување
МКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп
Превземено од веб страната на АДО Винер-Виена Иншуренс Груп
Back
/
/
© НБО. Сите права се задржани. Дизајнирано од:
SIMT