Ве известуваме дека на ден 22.04.2024 година Собранието на Националното Биро за осигурување соглaсно интерните акти за постапување, донесе одлука за прием на нова членка која има дозвола за вршење на работи на осигурување во класата на автомобилска одговорност согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот.
Во прилог податоци за осигурителната компанијата:
Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈA, Битола
Ул. Јане Сандански бр. 15 БИТОЛА
Почнувајќи од ден 29.04.2024 година, осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија АД Битола може да издава полиси од автомобилска одговорност и зелени карти.