Почитувани,

Натписот објавен на порталот “ФОКУС “ од 10.11.2024 година (Македонците од Нова година можно е да патуваат без зелен картон во Србија и Албанија) според само еден извор од CEFTA Секретарјатот е само еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење на Зелениот Картон (ЗК) како документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, а не само во Србија, Албанија, Молдавија и БиХ



Сопствениците на моторни возила кои патуваат надвор од Р. С.Македонија и користењето и потребата од Зелен Картон за влез во било која држава во Европа е прашање за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и сериозно прашање и подлежи на меѓународна и домашна регулатива и тоа :

- Внатрешните одредби и Интерните регулативи (IR) на Советот на Бироа – Брисел

- Законот за Задолжително осигурување во сообраќајот

- Склучените билатерални договори помеѓу Националните Бироа во регионот и пошироко

- Имплементираниот Тарифен систем и Правилниците на НБО ( Национално Биро за осигурување) за обработка и плаќање на штети по ЗК според Внатрешните одреби на Советот на Бироа- Брисел.

Комплексноста на ова прашање е до толку повеќе што не може да се регулира поединечно, туку кога се регулира мора да биде генерално.

Врз основа на искажаното оптималниот рок даден во објавата, може само да создаде забуна кај сопствениците на моторни возила поради сензитивноста на Информацијата.

Комплексноста на прашањето за ЗК бара целосно укинување на ЗК со вклучување на премијата од ЗК, врз основа на актуарски пресметки во премијата на полисата за АО, со што се создаваат можности за вклучување во таканаречената Мултилатерална спогодба поддржана од Советот на Бироа – Брисел и немањето на потреба од користење на Зелен Картон во сите европски држави , вклучувајќи ги и споменатите во објавата.

Ваквиот пристап со вклучување на сите релевантни субјекти во државата може да даде позитивно решение за граѓаните кои патуваат со своите возила надвор од државата и за бизнис заедницата.

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ