Сопствениците на моторни возила се физички и правни лица во сообраќајот ги користат од следниве превозни средства, моторни и приклучни возила:
1)Патнички автомобил e моторно возило наменето за превоз на лица кое покрај седиштето за возачот има најмногу 8 седишта и чија носивост изнесува најмногу 250 килограми.
2)Товарнo возилo e моторно возило е наменето за превоз на предмети со носивост преку 250 килограми.
3)Комби возилo e моторно возило наменето за превоз на лица и предмети и истото се осигурува според намената ,односно според податоците во сообраќајната дозвола при што :
- комби товарно, спаѓа во групата на товарни возила
- комби патничко, спаѓа во групата на патнички возила
4)Такси возилo e патничко или товарно возило е кое е регистрирано за јавен превоз и има ознаки TAXI.
5)Автобус е моторно возило наменето за превоз на лица кое покрај седиштето за возачот има повеќе од 8 седишта.
6)Хотелски автобус е автобус кој се употребува исклучиво за превоз на гости на хотелот и нивниот багаж од/ до железничка или автобуска станица, аеродром, пристаништа или излетнички места.
7)Автобус за работни и други организации е автобус кој служи исклучиво за превоз на членови на работни,општествени и спортски организации. Овде спаѓаат школски и полициски автобуси и автобусите кои служат за превоз на болни без лежаи.
8)Трактор е возило на моторен погон ,конструирано да влече ,притиска или носи орудија односно да служи за погон на такви орудија или за влечење на приклучни возила .
9) Моторцикл е моторно возило на две тркала, со бочна приколка или без неа, или моторно возило на три тркала ако неговата тежина не преминува 400 килограми.
10) Велосипед со мотор е возило на моторен погон со две или три тркала , чија зафатнина на моторот не преминува 50см3 и кое на рамен пат не може да развие брзина поголема од 50 км на час.
11)Приколка е приклучно возило наменето да го влече возило на моторен погон.
12)Полуприколка е приклучно возило без предни осовини констуирано така што со своите предни делови се наслонува на влечно моторно возило.Полуприколката со седластиот влекач не прави целина.
13)Специјални возила - моторно возило или приклучни возила со посебна намена (превоз на специјален товар или посебни луѓе, на пример во полиција, судство, пожарникарски единици) кое согласно карактеристиките спаѓа во една од категориите моторни или приклучни возила.
14)Работнo моторно возило е возило на моторен погон или приклучно возило на кое се вградени посебни уреди и опрема за вршење на работи и чија максимална дозволена маса е еднаква со масата на возилото, а согласно карактеристиките спаѓа во некоја од категориите на моторни или приклучни возила
15)Моторно возила со странска регистрација e моторно возило кое не е регистрирано во Република Македонија и носи странски регистарски ознаки.