I. Врз основа на член 45 став (1) од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен весник на РМ бр.88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на седницата одржана на 15.10.2018 година ја донесе следната Тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, (објавено во Службен весник на РМ бр.191/2018 на 19.10.2018 година)
Прилог--Тарифа на премии за осигурување
II. Врз основа на член 45 став (1) од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен весник на РМ бр.88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на седницата одржана на 14.07.2017 година ја донесе следната Тарифа за Измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, (објавено во Службен весник на РМ бр.144 на 10.10.2017 година)
Прилог--Sluzben vesnik-Izmeni i dopolnuvanja na Tarifata na premii za osiguruvanje
III. Согласно заклучокот на Стручниот колегиум на НБО од 05.01.2016 година во продолжение се објавени:
1. Одлука за максимална и минимална стапка на Владата објавена во службен весник на РМ бр.115 на ден 12.09.2008 година
За конкретна пресметка на висина на премија за моторно или приклучно возило можете да ги користите калкулаторите за информативна пресметка на веб страните на Осигурителните компании-членки на НБО.
2. Одлука за висината на дополнителната премија за издавање на меѓународни зелени карти објавена во службен весник на РМ, број 101 на ден 18.јуни.2015 година
Национално биро за осигурување