Националното биро за осигурување беше основано во Скопје со Договор склучен во 1993 г., од страна на друштвата за осигурување во Република Македонија, А.Д. за осигурување и реосигурување “ Македонија “ (сегашно “Осигурување Македонија а.д.Скопје - Виена Иншуренс Груп“) и А.Д. за осигурување “ВАРДАР“ (сегашно "ТРИГЛАВ").
Националното биро за осигурување беше примено во Советот на Бироата со седиште во Лондон во мај 1994 г. со што стана полноправна членка на Советот на Бироата и се стекна со право да издава македонски меѓународно признати зелени карти. Така, Националното биро за осигурување стана составен дел на единствениот европски Систем за зелена карта.
Националното биро за осигурување е непрофитна организација. Според Законот за задолжително осигурување на Република Македонија, Националното биро за осигурување ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот, и на тој начин ги претставува друштвата за осигурување од Република Македонија во меѓународните организации и институции за осигурување.
Во Националното биро за осигурување членуваат дванаесет осигурителни друштва и тие се овластени од страна на Бирото да издаваат зелени карти.
Органи на Управување на Националното биро за осигурување се Директор на Бирото, Управен одбор и Собрание на Бирото.
Адреса: Митрополит Гологанов бр.28/3, 1000 Скопје, Македонија, П.ФАХ
Тел: (+389 2) 3136 172 ; (+389 2) 3132 214; (+389 2) 3216 553
Факс: (+389 2) 3132 214 локал 113